Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив КК Работнички го именува Горан Самарџиев за нов тренер за продолжението од сезоната.
Самарџиев доаѓа да го гаси пожарот кој настана по поразот во вечното дерби од МЗТ Скопје. Тренерот Димитар Мираковски доби отказ, а Самарџиев, кој во минатото беше член на центарци како играч, ќе добие шанса да биде и тренер.
Конкурент за столчето на Самарџиев беше поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков, но изборот падна на доскорешниот тренер на словачки Комарно кој во клубот се задржа краток период.