петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Официјално Горан Самарџиев ќе го води скопски Работнички

Официјално Горан Самарџиев ќе го води скопски Работнички

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив КК Работнички го именува Горан Самарџиев за нов тренер за продолжението од сезоната.

Самарџиев доаѓа да го гаси пожарот кој настана по поразот во вечното дерби од МЗТ Скопје. Тренерот Димитар Мираковски доби отказ, а Самарџиев, кој во минатото беше член на центарци како играч, ќе добие шанса да биде и тренер.

Конкурент за столчето на Самарџиев беше поранешниот македонски селектор Јорданчо Давитков, но изборот падна на доскорешниот тренер на словачки Комарно кој во клубот се задржа краток период.