понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ОИ: Американките подобри од Франција

ОИ: Американките подобри од Франција

Кошаркарките на Соединетите Американски Држави со максимални три победи ја завршија групната фаза на олимпискиот турнир.

Во најсилниот испит во групната фаза, Американките ја совладаа Франција со 93-82 и со позитивни вибрации ќе влезат во четвртфиналето.

Вилсон со 22 и Стјуарт со 17 поени беа најдобри во победничкиот табор, а Мием со 15 и Груда со 12 поени се истакнаа кај поразената селекција.

Јапонската селекција запиша убедливо победа против Нигерија со 102-83 и заврши на второто место зад Американките во Б групата. Најефикасни кај домашната селекција беа Хајаши со 23 и Нијазава со 19 поени, а Макулај со 18 поени беше најдобра кај нигерискиот состав.

Со оглед на системот на натпреварување, веројатно и Франција како една од најдобро третопласираните ќе се квалификува во четвртфиналето.

Селекциите на Шпанија, Србија и Канада од А групата и Кина и Белгија од Ц групата исто така обезбедија четвртфинале.