четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ОИ: Американките убедливи против домаќинот и стигнаа до олимпиското злато

ОИ: Американките убедливи против домаќинот и стигнаа до олимпиското злато

Женската кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави го освои седмото злато по ред. Во нерамноправно финале во Токио, ѕвездите од женската НБА лига ја надиграа домашната Јапонија со 90-75.

Најефикасни во победничката селекција беа Гринер со 30 и Вилсон со 19 поени, а кај Јапонките се издвоија Такаши со 17 и Мотохаши со 16 поени.

Последниот пораз на Американките на Олимписките турнири датира од пред 29 години на Игрите во Барселона.