вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ол-стар 2023: Кошаркар кој не настапува во НБА најдобар во забивање (ВИДЕО)

Ол-стар 2023: Кошаркар кој не настапува во НБА најдобар во забивање (ВИДЕО)

НБА Ол-стар викендот продолжи и изминатата вечер во која се одржаа натпреварувањата во најдобри вештини, забивања и шутирање на тројки.

Најдобри во натпреварувањето за вештини беше триото од Јута Џез, Џордан Кларксон, Вокер Кеслер и Колин Секстон.

Победник во најатрактивниот дел од втората вечер на богатиот викенд, натпреварувањето за забивање беше Мек Мекланд, кошаркарот кој не настапува во НБА лигата кој славеше пред Мартин Џуниор, Треј Марфи и Џерко Симс.

Победата на 24-годишникот кој во својата кариера настапи само на два натпревара во Филаделфија, а професионалната кариера ја продолжи во развојната „Џи-лига“ беше убедлива со максимални 50 поени во четирите забивања.