петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ол-стар 2023: Победа на тимот на Јанис, МВП на мечот Џејсон Тејтум (ВИДЕО)

Ол-стар 2023: Победа на тимот на Јанис, МВП на мечот Џејсон Тејтум (ВИДЕО)

Тимот на Јанис победи со 184-175 на Ол-стар мечот во НБА лигата кој ноќеска се одигра во Солт Лејк Сити.

За најдобар играч на мечот беше избран кошаркарот на Бостон Селтикс и член на тимот на Јанис , Џејсон Тејтум кој мечот го заврши со рекордни 55 поени (22/31 од игра и 10/18 за три поени) каде додаде 10 скока и имаше 6 асистенции за 35 минути игра.

Кај тимот на Јанис исто така  Донован Мичел имаше 40 поени, 6 скока и 10 асистенции, додека Демјан Лилард постигна 26 поени за победничкиот тим.

Во Леброновиот тим најефикасен беше Џејлен Браун со 35 поени, 14 скока и пет асистенции додека Џиел Ембид и Кајри Ирвинг постигнаа по 32 поени каде бекот на Далас додаде и 15 асистенции на овој меч.