среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Пабло Ласо го продолжи договорот со Реал Мадрид

Пабло Ласо го продолжи договорот со Реал Мадрид

Тренерот на кошаркарите на Реал Мадрид, Пабло Ласо, го продолжи договорот со „кралскиот клуб“ до лето 2023 година.

Ласо изминатата деценија ја мина на клупата на мадридскиот клуб и под негово водство Реал освои рекордни 20 трофеи.

Минатата сезона Реал, сепак, остана без титула, откако беше елиминиран во плејофот во Евролигата во пет натпревари од Ефес, додека во шпанското првенство загубија во финалето од Барселона.