среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Партизан експресно ги распродаде билетите за третиот натпревар против Реал Мадрид

Партизан експресно ги распродаде билетите за третиот натпревар против Реал Мадрид

За помалку од пет часа продадени се сите билети за третиот натпревар од четвртфиналната пресметка во кошаркарската Евролига меѓу Партизан и Реал Мадрид, соопшти вечерва белградскиот клуб.

Цената на влезниците се движеше од 3.5 до 500 евра.

Партизан во првиот натпревар триумфираше на гостувањето во Мадрид со 89-87, а вториот натпревар е на програмата вечерва во шпанската престолнина со почеток во 20:45 часот.

Третиот натпревар ќе се игра на 2 мај во Белград.

Четвртфиналната серија се игра до три победи.