Кошаркарскиот клуб Партизан од Белград игра доста променливо во досегашниот тек на оваа сезона во која главен проблем беа настапите во Евролигата, но вечерва заработи неочекуван удар и во АБА лигата и тоа во пресметката со Мега
„Црно-белите“ лошо го одиграа првиот период (21-11) и потоа го бркаа водството на противникот за да во последнната четвртина се влезе во неизвесна завршница во која по кошот на Јарамаз се некако изгледаше дека ќе гледаме дополнителни пет минути.
Меѓутоа домаќините во последниот напад успее да поентираа, поточно со звукот на сирената автокош си даде Трифуновиќ со тоа што тие поени на крајот се запишани за Плавшиќ.