Со победа против Еуро Никел 2005 (92:74) во дербито на 18 коло, со која држи приклучок со лидерот.
Дербито во Битола во кое се сретнаа екипите на Пелистер и на Еуро Никел 2005, ја заокружи викенд-програмата од 18 коло, во кое останува да се доигра уште еден натпревар.
Оној на 21 март (вторник) во салата „Шабан Трстена“, каде Чаир 2030 го дочекува актуелниот шампион – МЗТ Скопје Аеродром.
По 18 одиграни мечеви, Пелистер има скор (14-4), додека пак Еуро Никел 2005 сега е на (11-7).