вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

По Куманово 2009 и ТФТ Тафталиџе се пласираше во следната рунда на БИБЛ

По Куманово 2009 и ТФТ Тафталиџе се пласираше во следната рунда на БИБЛ

Македонскиот кошаркарски тим ТФТ Скопје го победи црногорскиот тим Ибар од Рожаје со 91-75 и се пласира во втората фаза од БИБЛ регионалната кошаркарска лига.

ТФТ има идентичен скор како и екипата на Теодо  4 победи  и шест порази, но има подобар меѓусебен ефект во однос на црногорскиот тим, кој ги става на позицијата број 4 по одигрувањето на првата фаза во БИБЛ.

Андерсон беше првото име во редовите на ТФТ со 24 поени, а него го следеше Стахил Николов со 12 поени и 6 скока. Амир Смит додаде дабл-дабл учинок од 11 поени и 11 скока, додека како двоцифрени со по 10 поени натпреварот го завршија и Андреј Митревски и Ландриус Хортон.

За втората фаза од БИБЛ лигата на 5 февруари ќе биде извршена и ждребката каде ќе влезе уште една наша екипа тимот на Куманово 2009, две бугарски Академик и Берое како и два тима од Израел Хапоел Холон и Галил Гилбоа.

Шесте екипи во Балканската лига ќе бидат поделени во нови две групи, по три екипи, а ждребката ќе биде делегирана.

Односно две екипи од иста земја мора да играат во различни групи. Тоа значи дека нашите претставници ќе одиграaт уште најмалку четири натпревари, по две против екипа со која веќе играле, и уште толку против едeн од израелските претставници.

фото : gol.mk