четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Победа на МЗТ Скопје против Еуро Никел

Победа на МЗТ Скопје против Еуро Никел

Кошаркарите на МЗТ Скопје експресно го оставија зад себе разочарувачкиот пораз од ТФТ на стартот од Супер-лигата, славејќи над Еуро Никел со 79-63 во репризата од ланското финале во плејофот. Иако се соочија со проблеми  по повредата на Крстевски во втората четвртина, „металците“ одиграа одличен дуел и благодарение на цврстата одбрана стигнаа до значаен триумф за враќање на победничката атмосфера во тимот пред клучниот дел од сезоната.

Рикиќ со 18 поени беше најефикасен во таборот на МЗТ, пред Војдан Стојановски со 14 и Дамјан Стојановски со 11 поени. Калахан со 13 и Дубински со 11 поени беа единствените со двоцифрен ефект во таборот на Еуро Никел.