кошаркарскиот клуб на Куманово стигна до нова победа во плеј-аут фазата од домашниот кошаркарски шампионат откако во еден тежок натпревар славеше на домашен терен против „фенерџијата“ Ангели со 84-80.
Андрија Марјановиќ со 33 поени беше убедливо најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Рејм Бенџамин заврши со 19 поени.
ФМП Академија, по поразот од Ангели, потклекна и пред МЗТ Скопје 2, откако загуби на домашен терен со 88-89. Првата четвртина која гостите ја добија со убедливи (15-31) беше клучна за триумфот на „шткрчињата“.
Лука Петровски и Карло Блажевски со по 16 поени беше најефикасни кај победникот, додека кај поразените недоволни беа 28 поени на Филип Бакоч.