петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Познат распоред на македонските претставници во БИБЛ лигата

Познат распоред на македонските претставници во БИБЛ лигата

Македонските кошаркарски претставници во БИБЛ лигата, Куманово 2009 и ТФТ од Скопје откако во ги добија противниците во втората фаза од натпреварувањето, го добија и официјалниот распоред за одигрување на мечевите.

„Сино-белите“ од најсеверниот град во нашата држава патот кон финалето ќе го започнат од Израел.

Куманово во првото коло, на 23 февруари гостува во „Тото Арена“ на мегдан против Хапоел Холон, а потоа следуваат два дуели на домашен терен, на 12.03 против Хапоел Холон и пет дена подоцна против Академик Пловдив.

Последниот натпревар за избраниците на Ѓеоргиевски е закажан за 30.03, кога Куманово ќе гостува во Бугарија.

Непредвидливоста предизвикана од коронавирусот останува фактор во првенството, па може да дојде до одложување на предвидените средби..