Третиот „балон“ во кошаркарската АБА 2 лига, кој ќе се одржи во Сараево, посака уште на стартот да ги гледаме МЗТ Скопје и Работнички во меѓусебна пресметка.
Македонското вечно дерби е закажано за 3-ти март во утрински термин од 11 часот. Два дена подоцна, МЗТ точно напладне се среќава со Ловќен, а Работнички за противник ја има Сутјеска од 16 часот.
И последните дуели на македонските екипи ќе ги играат на седми март. Работнички со Широки Бријег од 12 часот, а МЗТ против Младост од Земун од 16 часот.
Во пресрет на третиот турнир, по седум одиграни кола тимот од Аеродром е на делба на четвртото место со скор 4-3, додека тимот на Работнички ја дели 10-тата позиција со биланс од две победи и и пет порази.