„Дрим тимот“ на Соединетите Американски Држави освои ново злато на Олимписките игри.
Предводник на Американците беше големата ѕвезда Кевин Дурант, кој беше вистински лидер на својот тим, а неговите одлични партии во Токио му донесоа и место во идеалниот тим на кошаркарскиот турнир на овие Игри.
Лука Дончиќ имаше неколку неверојатни партии и заслужено е избран меѓу најдобрите, каде се најдоа уште Руди Гоберт од Франција , Рики Рубио од Шпанија и Пети Милс од Австралија
Во големото финале Американците со 87-82 ја совладаа Франција, додека борбата за бронзата ѝ припадна на Австралија, со триумфот над Словенија од 93-107.