петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ПРВА ЛИГА: Четири убедливи победи на фаворитите во кошаркарската елита

ПРВА ЛИГА: Четири убедливи победи на фаворитите во кошаркарската елита

Дербито се одигра во Гостивар, каде што домашните сино-бели полесно од очекувањата го совладаа Еуро Никел (85-65) и останаа во игра за третата позиција на табелата. Грузиецот Корсантија со 24 поени и 15 скока беше најдобар кај гостиварци, а веднаш зад него беше Виктор Ефремовски со 17 поени и дури 11 асистенции, додека Планиниќ со 25 поени беше најефикасен кај кавадарчани.

Кошаркарите на Работнички предводени од Ѓорѓе Џелетовиќ без проблеми дојдоа до триумф во пресметката со Чаир 2030 (83-67). Високиот центар на „центарци“ средбата ја заврши со 23 поени и осум скока, додека Недим Мустафица со 16 поени беше најпрецизен кај гостите.

ТФТ одигра колку што е потребно против Струмица (92-82), додека Пелистер и без двајцата плејмејкер, Стајиќ и Караџовски, лесно и убедливо го доби Феникс (93-74), со што делумно се одмазди за поразот во полуфиналето од Купот на Македонија. Гостите во третиот период останаа без Бојан Трајковски, кој поради вербален напад врз еден од судиите беше исклучен од мечот.

МЗТ Скопје задутре го пречекува Кожув, а во вторник Академија ФМП ќе му биде домаќин на Куманово.

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје 17-2, Пелистер 16-4, ТФТ 14-6, Гостивар 14-6, Работнички 12-8, Еуро Никел 11-9, Феникс 11-9, Кожув 8-11, Чаир 5-15, Академија ФМП 4-15, Куманово 4-15, Струмица 2-18.