четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Работнички го доби дербито на колото, Гостивар им се врати на победите

Работнички го доби дербито на колото, Гостивар им се врати на победите

Кошаркарскиот клуб Работнички ја забележа шестата победа во низа во домашното првенство, последната оставрена во дербито на 10-то коло во македонската лига.

„Центарци“ имаа подобро отворање на мечот од Еуро Никел и ги добија првите две четвртини против кавадарчани за предност од плус шест (50:44), но потоа се доби впечаток дека фрлија во вода се што напорно работеа во претходните 20 минути.

Работнички одигра катастрофална трета четвртина и уфрли само осум поени, што на најдобар можен начин го искористија гостите кои во последниот период влегоа со предност од плус десет.

Откак анулуираше минус десет и влезе во егал ситуација, домашниот тим отиде на плус седум, по што беше јасно дека победата останува во Скопје (92:87). Форте и Бакоч беа лидери во победата на Работнички со 21 и 20 поени, додека најефикасен на паркетот беше Планиниќ од редовите на Еуро Никел со 22 поени.

На останатите средби кои се играа денеска, Гостивар се врати на победничките патеки и славеше над Кожув со 100:83, домашна победа оствари и Струмица над Куманово (90:85), додека единствениот гостински триумф го забележа Чаир над ФМП (84:91).