Скопски Работнички мораше да игра дополнителни пет минути за да го совлада новиот прволигаш Феникс 2010 (94:90), со што стигна до втората победа во новата сезона од македонското кошаркарско првенство.
Избраниците на Тони Симиќ имаа плус девет на полувреме, го завршија третиот период со резултат 69:59, но Феникс возврати со одличен четврти период во кој на крајот се бореа и за победа.
По неколку промашувања во финишот на двете страни, резултатот остана 83:83, за Работнички да биде подобар во дополнителните пет минути за 94:90.
Емерсон со 18 и Мустафица со 16 поени беа најефикасни кај Работнички, а Митревски реализираше 26 поени во тимот на Феникс.