Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Њујорк Никс со 96:92 и се пласираа во финалето на Источната конференција со конечни 4:2 во серија, а по мечот во центарот на вниманието беше Бам Адебајо, асот на Мајами.
Во тимот на Мајами најефикасен беше Џими Батлер со 24 поени, а брилијантниот Адебајо додаде 23. Тој се појави пред медиумите и ја воодушеви публиката, бидејќи на сред прес-конференција доби телефонски повик кој не можеше да одбие.
Додека 25-годишникот даваше изјава, заѕвони неговиот телефон, а повикот беше од мајката.
Кошаркарот им се извини на новинарите и одговори на повикот, по што имаше краток разговор со неа.
-Здраво мамо, јас сум на прес- конференција, со насмевка изјави кошаркарот.
Неговата реакција погледнете ја во видеото во продолжение.
“Hi, mommy…I’m in media.”
Bam Adebayo took a call from his mom in the middle of his press conference 🤣 pic.twitter.com/piIUq62RKq
— NBA Memes (@NBAMemes) May 13, 2023