недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Реал избори учество во „фајнал фор“ во Евролигата

Реал избори учество во „фајнал фор“ во Евролигата

Кошаркарите на Реал Мадрид се првите полуфиналисти во Евролигата, откако синоќа во Атина го победија Панатинаикос со 89:82.

За „кралскиот клуб“ ова беше третата победа и без загубен меч ја доби серијата од четвртфиналната фаза.

Руди Фернандез и Факондо Кампачо постигнаа по 16 поени во победничкиот тим, додека Ник Калатес со 17 поени беше најефикасен  во домашниот состав.

И на вториот вчерашен дуел славеа гостите. Фенербахче со 66:57 го совлада Жалгирис и поведе со 2-1 во победи.

Вечерва играат:  Басконија – ЦСКА Москва и Барселона – Анадолу Ефес. На овие две пресметки резултатот е изедначен 1:1.