Кошаркарскиот тим на Реал Мадрид деновиве дополнително го зголемуваат притисокот врз управата на КК Партизан, кои ги добија двата меча во шпанската престолнина, со невообичаени барања поради наводна загриженоста за нивната безбедност во главниот град на Србија.
Тие до домашниот тим доставиле долга листа барања за обезбедување, па речиси целата српска полиција треба да биде нагажирана околу Шпанците за да се задоволат нивните барања.
„*Автобусот да ги земе кошаркарите од авионска писта со цел да се избегне било каков контакт со навивачи и со медиуми.
*Полицијата ќе ја следи делегацијата од аеродромот до хотелот, потоа од хотелот до салата за време на тренингот. Исто така полиција мора ги обезбедува и кога ќе одат на натпреварот, како и од хотелот до аеродромот.
*Пред хотелот во кој ќе бидат сместени кошаркарите на Реал Мадрид, постојано мора да има обезбедување.
*Обезбедувањето мора да биде зголемено и во салата, посебно околу клупата на Реал Мадрид“, се барањата на шпанскиот тим.
Според израелскиот медиум „Валаспорт“, управата на Партизан ги прифатила сите барања на Реал Мадрид, а истото го сторила и белградската полиција. Третата средба се игра во вторник во „Штарк арената”во Белград.