Пабло Ласо преживеа срцев удар минатиот месец и успеа да се врати за финалната серија против Барселона, која на крајот се претвора како последна за него како тренер на Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“ ова попладне донел неочекувана одлука и му врачил отказ на искусниот стратег, вест која ја потврдија двата најугледните весници од шпанската престолнина.
„Марка“ и „АС“ информираат дека раководството на клубот претседавано од Флорентино Перез решило да го прекине договорот на Ласо една година пред истекот, одлука која никако не ја одобрувал тренерот, но која морал да ја прифати.