понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Реал Мадрид се огласи за состојбата на Пабло Ласо

Реал Мадрид се огласи за состојбата на Пабло Ласо

Светот на кошарката беше шокиран од веста дека тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо доживеа срцев удар, а нови информации за неговата состојба пристигнаа од главниот град на Шпанија.

Според информации од Реал Мадрид, Ласо е префрлен на одделот за интензивна нега каде е под лекарска контрола.

Да потсетиме, на Ласо му се слоши ден откако ги одведе „кралевите“ до водство од 2-0 против Басконија во Ендеса лигата, по што уредно одржа прес-конференција. Но, откако се разбудил рано во неделата наутро почувствувал потешкотии, поради што бил префрлен во болница, но, за среќа, е надвор од животна опасност.