Довчерашниот тренер на Лука Дончиќ во редовите на Далас Маверикс, Рик Карлајл, кој минатата седмица го напушти Тексас, ќе се пресели во Индијана Пејсерс, пренесува „ESPN“.
Американскиот стратег по третпат се враќа во Индијана, откако во 1997 година се појави на клупата на Пејсерси како асистент на легендардниот Лери Брд. Карлајл ќе потпише четиригодишен договор вреден 29 милиони долари.
Како наследници на Карлајл на клупата на Маверикс се наведуваат неколку имиња, меѓу кои и некогашниот играч на Далас со кого токму Карлајл ја освои НБА титула во 2011 година против Мајами Хит, Џејсон Кид.