четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Руди Фернандез уште една сезона во Реал Мадрид

Руди Фернандез уште една сезона во Реал Мадрид

Легендарниот кошаркар на Реал Мадрид, Руди Фернандез го продолжи договорот со „кралевите“ за уште една сезона.

Ова беше и официјално потврдено од клубот, а искусниот кошаркар ќе се задржи во Мадрид до истекот на сезоната 2023/24.

И покрај тоа што Фернандез е веќе при крајот на третата деценија од животот, тој сè уште е полн со енергија и покажува дека до самиот крај на кариерата ќе игра во одлична форма.

Шпанецот одново беше еден од носителите на тимот минатата сезона кога Реал Мадрид успеа повторно да се закити со титулата во Евролигата.

Поранешниот член на Портланд Трејл Блејзерс и Денвер Нагетс од НБА лигата, во Реал Мадрид е од 2011 година и веќе дванаесет сезони го носи „кралскиот“ дрес. а кариерата ја започна во екипата на Хувентуд.

Руди Фернандез го потврди и своето учество на Мундобаскетот кој годинава ќе се одигра во Јапонија, Индонезија и на Филипините, а Шпанија се вбројува меѓу првите три главни кандидати за златниот медал.