среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Се проширува НБА лигата

Се проширува НБА лигата

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер неодамна најави дека најквалитетното кошаркарско натпреварување на светот би можело да се прошири за уште две екипи.

Првиот тим на листата е славната франшиза на Сиетл Суперсоникс, за која ова би било враќање во НБА лигата после петнаесет години, додека втората екипа е новоформираната франшиза на Лас Вегас, кој за првпат би се натпреварувала во американскиот кошаркарски „крем“.

„Проширувањето на лигата не е никаква тајна и тоа е логичен чекор за НБА. Постојат повеќе тимови кои се во игра, а први на листата се секако Сиетл и Лас Вегас. Има голем интерес за лигата и од други пазари, а ние мораме внимателно да ја разгледаме ситуацијата и да ги донесеме вистинските одлуки. Во моментов сè уште не сме започнале конкретни преговори со никого, но тоа може да се случи многу наскоро. Сакаме да ја зголемуваме популарноста на НБА лигата и секогаш работиме на тоа. Сите сме фокусирани на успешни проекти, одлични франшизи со неверојатни кошаркари и спектакуларни натпревари“, заврши Силвер.

Во моментов триесет тимови се натпреваруваат во НБА-лигата. Оваа сезона ќе стартува и Купот на НБА, чија завршница ќе се одигра во Лас Вегас, а дополнително се очекуваат и нови информации за евентуалното проширување и додавање на двете нови екипи.