петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Сензација на СП: Летонците и пресудија на Франција и ја исфрлија од борбата за медал!

Сензација на СП: Летонците и пресудија на Франција и ја исфрлија од борбата за медал!

Кошаркарската репрезентацијата на Летонија направи огромно изненадување на Мундобаскетот каде успеа да ја победи фаворизираната Франција, една од екипите која беше во најтесниот круг за медал на овој собир на најдобрите светски селекции.

Ова беше дуел да се биде или не за „триколорите“ по поразот од Канада во првото коло, па се некако добро одеше за избраниците на Коле кои водеа по првата четвртина, на полувреме и по третиот период.

Меѓутоа Французите одиграа катастрофално во завршните десет минути, дадоа само 12, а примија 26 поени со што му овозможија на противникот да нарпави пресврт и слави со 88-86, односно обезбеди пласман во наредната фаза.

Жарагрс уфрли 22, Шмитс 2о поени за Летонија, кај поразените одново Фурние се истакна со 27 кошеви.

За Франција сега останува соочувањето со Либан, а потоа и разигрување за пласман на шампионатот.