Шпанскиот кошаркарски репрезентативец Серхио Љуљ, и во наредните две сезони ќе го носи дресот на Реал Мадрид“. Капитенот на Реал денеска потпиша нов договор за соработка до 2024 година.
„Има деца кои сонуваат да играат во НБА, јас сонував да играм за Реал Мадрид и си го исполнив сонот“, изјави Љуљ.
Тој во далечната 2007 година првпат заигра во дресот на Реал Мадрид и веќе 15 сезони е дел од клубот.