Кошаркарот Горан Драгиќ заврши во Сан Антонио Спарс на рокот за трејдови во НБА лигата, но плејмејкерот по се изгледа нема да остане во Тексас и набрзо ќе го гледаме во друга средина.
Американските медуми пренесуваат дека се очекува Драгиќ и Спарс да седнат на маса и ја завршат соработката по што Словенецот ќе може слободно да го избере новиот клуб.
Според „ЕСПН“ дури шест екипи се во трка за ветеранот и тоа ЛА Лејкерс, Голден Стејт Вориорс, ЛА Клиперс, Милвоки Бакс, Бруклин Нетс и Чикаго Булс.