среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Шпанија во Сарагоса домаќин на македонските кошаркари

Шпанија во Сарагоса домаќин на македонските кошаркари

Натпреварот од 5. коло од квалификациите за Светскиот кошаркарски Куп 2023 меѓу шпанската и македонската репрезентација ќе се игра на 1 јули во Сарагоса, одлучи денеска Кошаркарската федерација на Шпанија.

На првиот ден од јули македонските кошаркари ќе играат против топ-фаворитот во групата „Г“ во салата која го носи името на „Принцот Фелипе“ и место каде своите натпревари ги игра членот на АЦБ лигата, Касадемонт Сарагоса.

Станува збор за едно модерно здание, во кое првиот кошаркарски натпревар бил одигран на 17 април, 1990 година, а има капацитет од 10.744 седишта. (МИА)