четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Скопје домаќин на меѓународен ФИБА камп за млади кошаркари

Скопје домаќин на меѓународен ФИБА камп за млади кошаркари

Македонската кошаркарска федерација идната недела ќе биде домаќин на меѓународен кадетски кошаркарски камп со знакот на ФИБА.

На турнирот во машка и женска конкуренција за генерација 2008 година покрај домашните селекции ќе настапат и кошаркарки и кошаркари од Турција, Бугарија, Косово и Романија. Кошаркарскиот камп ќе се одржи во Скопје од 28 февруари до 6 март.