четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Слободен влез за завршницата од кошаркарскиот Куп во СРЦ „Кале“

Слободен влез за завршницата од кошаркарскиот Куп во СРЦ „Кале“

Македонската кошаркарска федерација обелодени дека влезот за сите натпревари од финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2023, ќе биде слободен.

Мотив повеќе за сите искрени љубители во наредните денови да дојдат во салата на СРЦ „Кале“, каде ќе се играат натпреварите во двете конкуренции, вкупно десет преку кои ќе ги добиеме новите освојувачи на трофејот наменет за најдобрите две екипи во Купот.

Возбудувањата стартуваат на 16 февруари (четврток), од 12:00 часот, кога се игра првиот четвртфинален натпревар, а ќе кулминираат на 18 февруари (сабота), кога на програмата се двете финални средби, од 16:30 часот во женска, и од 19:30 часот во машка конкуренција.

Четвртфинале (мажи):
МЗТ Скопје Аеродром – Кожув
Гостивар – Феникс 2010
Пелистер – Еуро Никел
ТФТ Скопје – Работнички

Полуфинале (жени):
12:00: Бадел 1862 – Баскет Кам 2011
14:30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

foto:gol.mk