вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Смарт за првиот инцидент во новата НБА сезона: Сакаше да ми ја скрши раката (Видео)

Смарт за првиот инцидент во новата НБА сезона: Сакаше да ми ја скрши раката (Видео)

Бостон ја оствари првата победа во новата сезона и тоа против Филаделфија, а на овој дуел го видовме и првиот посериозен инцидент во новата сезона.

Уште на премиерата дојде до обид за пресметка меѓу Маркус Смарт и Џоел Ембид, откако кошаркарот на Бостон се налути на потегот на противникот.

– Одев на скок, а потоа и на одземање на топката, тоа е дел од играта.

– Престанав да играм, а неговата рака беше заглавена во неговата и сакаше да ми ја скрши.

– А, на крајот јас добив техничка грешка. Не сакам да зборувам повеќе затоа што ќе добијам поголема суспензија, но не можам да сфатам зошто само јас добив техничка. Бев во дуел против најдобриот дефанзивец минатата сезона, а погледнете каков третман добива. Можев да му ја скршам главата, но не го направив тоа бидејќи сега сум позрел играч, – изјавил Смарт.