Кошаркарите на Италија се пласираа во четвртфиналето на Мундобаскет 2023, откако во вториот натпревар од втората фаза го совладаа Порторико со 73:57.
Италијанците беа предводни од Џампаоло Ричи и Стефано Тонут со по 15 поени, а „дабл-дабл“ учинок имаше Симоне Фонтекио, по 12 поени и скокови.
За Порторико прв стрелец беше Тремонт Вотерс со 13 поени и девет асистенции, следен од Џордан Хауард кој постигнаа 11 коша.
Четвртфиналист е и една од најголемите сензации на Светското првенство, репрезентацијата на Летонија.
Летонците убедливо во 104:84 триумфираа над Бразил најмногу благодарение на Андрејс Гразулис кој реализираше 24 поени (пет асистенции). На спротивната страна кај Бразилците се истакна Бруно Кабокло со 20 поени и седум скокови.