понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Стојановска: Напорноста се исплатеше, награда е титулата

Стојановска: Напорноста се исплатеше, награда е титулата

Најдобрата кошаркарка во женското финале од плејофот на македонскиот шампионат, Александра Стојановска, е задоволна од освојувањето на шампионската титула која Бадел 1862 ја освои по 3-0 во победа над големиот ривал Вардар.

За клубот од Кисела Вода ова беше петта титула по ред.

– Ова беше една тешка сезона за нас, се соочивме со многу повреди и лоши моменти, но и покрај тоа работевме доста напорно, едноставно игравме една за друга на терен и мислам дека сосема заслужено победивме на крај, изјави МВП Стојановска.

Кошаркарките од ЖКК Бадел 1862 и на овој натпревар ја имаа поддршката од градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

– Задоволството е големо, ако се земе предвид дека минатата година клубот го напуштија три квалитетни кошаркарки во странство, бројни повреди и кооптирање на млади кошаркарки во првиот тим. Но, со многу работа, желба и посветеност квалитетот дојде до израз, доминанто ја освоивме титулата. Би сакал да искажам голема благодарност до девојките, стручниот тим и управата на клубот, и секако до градоначалникот Филип Темелковски кој со своето присуство и бодрење на нашиот клуб на натпреварот допринесе за освојување на титулата, како и преку  поддршката на финансиски и логистички план која ни ја овозможи, истакна Љупчо Павловски, тим менаџерот на ЖКК Бадел 1862.

(Миа)