недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТФТ без проблеми против Струмица

ТФТ без проблеми против Струмица

ТФТ ја продолжи низата на победи на три едно по друго на прволигашката сцена откако на отварањето на 20. коло славеше на домашен терен против „фенерџијата“ Струмица со 92-82.

Гостите имаа подобро отварање на натпреварот, но „сино-белото“ водство траеше само три минути по што фаворитската улогја ја потврдија домаќините за 14. победа во сезоната.

Со „дабл-дабл“ од 16 поени и 14 асистенции лидер на ТФТ беше Костоски, 15 поени додаде Андерсон, а со 14 поени и 8 скока мечот го заврши Батрик. Двоцифрени беа и Николов и Мекбраер кои броеја до 11. Почетната петорка беше двоцифрена и кај Струмица, а како лидер се истакна Крстајиќ со 21 поен, 10 скока и 7 асистенции. 20 поени додаде Обуквелу, 17 Мамузиќ, а по 11 Волкановски и Сучов.

Со оваа победа избраниците на Боро Смилковски ја продолжија успешната трка за посакуваната трета позиција на табелата, додека Струмица останува на дното со само две победи.