Градоначалникот на Општина Центар во Скопје преку социјалните мрежи официјално го потврди некогашниот кошаркарски репрезентативец Тодор Гечевски како нов спортски директор на најтрофејниот македонски клуб. Со своето влијание, познанства и име, со сигурност ќе биде од огромна помош на Работнички.
Гечевски при официјалната промоција повика на голема поддршка од навивачите во новата сезона.
Во Градски парк летово пристигнаа сериозни засилувања, дојдоа репрезентативците Кристијан Николов, Бобан Стајиќ, Виктор Ефремовски и Стојан Ѓуроски. Тие, плус неколку странци и уште неколку „староседелци“ ќе го предизвикаат МЗТ Скопје.