петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

ТРАГЕДИЈА: Почина младиот кошаркар кој доби срцев удар среде натпревар! (ВИДЕО)

На 50 секунди до крајот на мечот со Лонг Ајленд нетс, Апшо само се струполи на паркетот без знаци на живот.
ТРАГЕДИЈА: Почина младиот кошаркар кој доби срцев удар среде натпревар! (ВИДЕО)

Кошаркарот кој во саботата среде натпревар доживеа срцев удар ја загуби битката со животот. Неговото семејство објави дека починал утрово.

Зик Апшо имаше 26 години, играше во развојната лига, за тимот на Гранд рапидс драјв и за жал од погрешни причини за само еден ден му стана познат на светот.

На 50 секунди до крајот на мечот со Лонг Ајленд нетс, Апшо само се струполи на паркетот без знаци на живот.

Притрчаа да му помогнат и успеаја да го вратат неговиот пулс, а веднаш дојде и медицинска екипа, која го префрли во болница. Сепак, по неполни два дена борба, претпладнево починал, соопшти неговата мајка.

-По непрестани обиди од медицинскиот тим во Спектрум хелт, Зик почина во 11.16 часот. До семејството, пријателите, соиграчите, тренерите и навивачите, ви благодарам за молитвите и поддршката во ова тешко време, напиша на Твитер неговата мајка, Џуел Апшо.