Црногорскиот кошаркар Никола Вучевиќ по само една сезона би можел да замине од Чикаго Булс. Наводно, Булс, ја разгледувале опцијата, Вучевиќ да биде вклучен во размената со Јута Џез. Булс биле подготвени да ги испратат Вучевиќ и Патрик Вилијамс во Солт Лејк сити, во замена за Руди Гобер.
Од една ваква размена задоволни би биле двете страни. Јута би се ослободила од Гобер, кој има огромна плата и редовно прави проблеми во соблекувалната. Францускиот репрезентативец не е во добри односи со неколку кошаркари, пред се со Донован Мичел.
Јута нема да загуби многу со еден ваков трејд, заминувањето на Гобер ќе отвори место во буџетот за плати, а на центарската позиција тимот ќе добие Ол-стар играч.
Од друга страна, на Булс им треба цврстина во одбраната. Со Гобер ќе го добијат тоа. Французинот е специјалист за игра во одбраната, во кариерата два пати ја добил наградата за најдобра дефанзивец во лигата.