понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Тренерот на Црвена Звезда збесна: Сакате ли на сите тројца да ви удрам по еден шамар? (ВИДЕО)

Тренерот на Црвена Звезда збесна: Сакате ли на сите тројца да ви удрам по еден шамар? (ВИДЕО)

Нема шега со тренерот на Црвена Звезда, Душан Алимпијевиќ кој буквално збесна на еден од тајмаутите изнервиран од играта на своите кошаркари за време на мечот со Игокеа. Црвена звезда со 82-76 го доби дуелот од АБА лигата, но тренерот Алимпијевиќ беше принуден да го повиши тонот кон своите кошаркари.

На Стефан Јанковиќ, Дејан Давидовац и Огнен Добриќ им се закани со шамарање.

-Сакате ли да ви удрам шамар на сите тројца!? Тебе, на Давидовац и Добриќ! Што влегувате кој ку*ац во игра бре!?, грмеше Алимпијевиќ на тајмаутот.