петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Тренерот на Реал Мадрид: Партизан умее со нервите, ние бевме фрустрирани

Тренерот на Реал Мадрид: Партизан умее со нервите, ние бевме фрустрирани

Да се победи Реал Мадрид двапати во три дена среде Мадрид не му успеало на многу клубови во ошаркарскиот  плеј-оф на Евролигата.

Сепак, наместо за блескавото издание на Партизан на Жељко Обрадовиќ, по натпреварот се коментира за инцидент и прекин при резултат 80-95 на неполни две минути до крајот на мечот.

Тренерот на Реал Мадрид, Чус Матео откри дека неговите кошаркари тешко се носеле со фрустрацијата на крајот од натпреварот.

„Противничкиот тим беше многу оштроумен. Ако нешто знае Партизан, тоа е да игра со нервите на противникот. Ги загубивме нервите поради фрустрации. Со таа фрустрација тешко е да се биде смирен. Мора да ги разладите страстите. Играчите разговараа овде во соблекувалната и сите се смирија. Ќе продолжиме да се бориме до крај во Белград и се надеваме дека ќе се вратиме во Мадрид на петтиот натпревар. Тешко е, но не и невозможно“, рече Чус Матео.

Дисциплинската комисија на Евролигата денес ќе ги одреди казнети на најжестоките во општата тепачка на теренот.