Кајри Ирвинг сака да го напушти Бруклин Нетс до крајот на актуелниот преоден рок, па може многу лесно да го видиме во нова средина во престојниве денови.
Едната од опциите е да заврши на друго место до 9 февруари, додека другото е да остане во Нетс до крајот на кампањата и потоа како слободен играч да ја одбере новата средина.
Според секогаш добро информираниот новинар Шамс Шаранија три екипи, организации се подготвени да спремат пакет за размена за Ирвинг и тоа се Лос Анџелес Лејкерс, Феникс Санс и Далас Маверикс.
Во Лејкерс се Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, Феникс како главна ѕвезда го има Девин Букер, додека во Далас е Лука Дончиќ.