сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Црна Гора и Грузија се пласира на СП во кошарка

Црна Гора и Грузија се пласира на СП во кошарка

Репрезентациите на Црна Гора и на Грузија успеаја да обезбедат учество на претстојниот кошаркарски мундијал, откако стигнаа до посакуваните резултати во рамките на последното квалификациско коло.

Црногорците на домашен терен ја совладаа Чешка со 88-70. За Црна Гора ова ќе биде второ учество на едно кошаркарско светско првенство, по  2019 година и мундијалот во Кина. Никола Ивановиќ беше најефикасен во победата со 17 поени, пред Радовиќ со 16 и Пери со 14 поени.

Многу подраматично беше во Тбилиси, каде Грузија и покрај поразот од Исланд од 77-80 селекциајта на Грузија се пласираше на СП. На Исланѓаните им беше потребна победа од четири поени за да стигнат до мундијалски билет, имаа такво водство на една минута до крајот, но Шенгелија од линијата за слободни фрлања го постигна историскиот поен со кој Грузија се пласираше на СП.