Кошаркарските тимови на Кожув и Вардар израмнија на 1:1 во плеј-аут дуелите против Црн Дрим, односно против МЗТ Скопје 2 Уни Банка, и со тоа ги задржаа шансите за опстанок во Првата кошаркарска лига во машка конкуренција.
Кожув во вториот меч го совлада Црн Дрим со 85:78. Чампара од Кожув со 23 поени беше најефикасен.
Вардар, пак, со 68:56 беше подобар од МЗТ Уни Банка. Вардар победата, се чини, ја обезбеди во првата четвртина, која ја доби со неверојатни 23:6. Најефикасен на средбата беше Богдановиќ со 20 поени.
Сега во двата натпревари серијата е израмнета на 1:1, и одлучувачки ќе биде третиот меч кој ќе опстане во најсилната кошаркарска лига.