среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Вестбрук прв во историјата кој две сезони по ред има „трипл-дабл“

Вестбрук прв во историјата кој две сезони по ред има „трипл-дабл“

Кошаркарот на Оклахома Сити, Расел Вестбрук го заврши регуларниот дел од НБА сезона со двоцифрени просечни показатели во три категории: поени, асистенции и скокови.

Во просек Вестбрук оствари трипл-дабл со 25,4 поени, 10,2 асистенции и 10,1 скок.

Вестбрук е првиот играч во НБА лигата кој две сезони по ред стигнува до трипл-дабл.

Пред него, само Оскар Робертсон, во сезоната 1961/62 успеа да има во просек трипл-дабл ефект.

МИА