Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс кои по 17. пат во историјата на НБА станаа шампиони, денес се вратија од Орландо во Лос Анџелес.
Прес-канцеларијата на клубот на Твитер објави соопштение во врска со шампионската парада.
-Едвај чекаме да ја славиме нашата титула со нашите навивачи. По консултација со градот и округот, сите се согласуваме дека радосна и широко распространета јавна прослава ќе се одржи веднаш штом ќе биде безбедно да се стори тоа. Во меѓувреме, уште еднаш ви благодарам за поддршката! – стои во клупското соопштение.
Лејкерс ноќта недела кон понеделник го совладаа Мајами хит со 106:93 за вкупни 4-2 во финалната серија од НБА сезоната 2019/20.