среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Женската кошаркарска репрезентација од осмиот „шешир“ ги чекаа ривалите во квалификациите за Евробаскет 2023

Женската кошаркарска репрезентација од осмиот „шешир“ ги чекаа ривалите во квалификациите за Евробаскет 2023

Македонската женска репрезентација пред ждрепката за квалификациите за Европското кошаркарски првенство 2023, се најде во осмиот „шешир“.

Вкупно 38 национални тимови ќе бидат дел од извлекувањето на натпреварувачките групи која ќе се одржи на 20 август во Минхен.

Изглед на „шеширите“ пред ждрепката:
1: Шпанија; Франција; Белгија; Србија; Турција
2: Белорусија; Русија; Италија; Грција; Шведска
3: Црна Гора; Велика Британија; Чешка; Словачка; Летонија
4: Словенија; Украина; Босна и Херцеговина; Унгарија; Хрватска
5: Литванија; Полска; Германија; Бугарија; Романија
6: Холандија; Израел; Португалија; Луксембург; Данска
7: Швајцарија; Ирска; Австрија; Естонија
8: Финска; Исланд; Македонија; Албанија.

Со оглед на бројот на пријавени селекции, натпреварувањето, односно квалификациите за пласман на наредниот женски Евробаскет во 2023 година, ќе се одвива во десет натпреварувачки групи. Осум од нив ќе бидат составени од по четири учесници, а две со по три учесници. Најдобрите десет селекции во групната, квалификациска фаза, како и четирите најдобри кои ќе завршат како второпласирани, ќе обезбедат учество на завршниот турнир – Евробаскетот.