Спрскиот кошаркарски тим Партизан води со 2:0 во серијата, а вториот меч го одбележа масовна тепачка меѓу играчите при крајот на натпреварот, по што Евролигата изрече казни и суспензии.
Страстите се доста вжештени, навивачите на Партизан најавуваат топло добредојде за Реал, а денеска се обрати и тренерот на црно-белите Жељко Обрадовиќ.
„Она што би сакал – нашите навивачи да разберат дека ова е дел од спортот, играчите разговараа меѓу себе и тоа треба да биде крај. Наидовме на феноменално гостопримство од Реал на овие два натпревари. Мислам дека треба да го направиме истото и во Белград, да возвратиме, ниту еден играч, член на стручниот штаб или навивач на Реал да не се чувствува непријатно, а од Белград да ја испратиме сликата која секогаш ја имаше на нашите натпревари“, истакна Обрадовиќ.