вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Димитров не е единствен: Уште 3 тенисери позитивни на коронавирус

Димитров не е единствен: Уште 3 тенисери позитивни на коронавирус

Уште тројца тенисери кои учествувале на Адрија тур се позитивни на коронавирус, а еден од нив е Борна Ќориќ.

Хрватскиот тенисер е позитивен на коронавирус, покажал вчерашниот тест кој го направиле тенисерите учесници на турнирот откако е објавено дека бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен.

Ќориќ во изминатите денови дружел со бугарскиот тенисер, играле кошарка заедно.

Уште двајца тенисери кои учествувале на турнирот во Задар се позитивни на Ковид-19, но нивните  имиња се уште не се објавени

Позитивен на коронавирус е и кондициониот тренер на Димитров.